УНИ АГРО

“УНИ АГРО” е копманија основана во 2012 година со главна дејност производство и промет на семенски материјали, житарици, мешана сточна храна, додатоци за сточна храна, храна за миленици, одгледување на свињи и производство на “СВЕЖО СВИНСКО МЕСО”.

Со голема посветеност и одговорност, успеваме да го контролираме целокупниот производствен процес “ОД НИВА ДО ТРПЕЗА”.

МЕСАРСТВО

Во погонот за расекување и конфекција на свежо месо вршиме прием, расекување и дистрибуција на “СВЕЖОТО СВИНСКО МЕСО”. Приемот, расекувањето и дистрибуцијата до нашите ценети потрошувачи, се извршуваат со најсовремени разладни уреди и стандарди.

Заокружениот процес на производство “ОД НИВА ДО ТРПЕЗА” и одличните производствени резултати допринесоа да добиеме врвен и константен квалитет на “СВЕЖОТО СВИНСКО МЕСО”, кое се одликува со богат вкус и низок процент на сланина и вода во него.

Одговорно лице: Дејан Стојанов

СТОЧАРСТВО

Во нашите свињарски фарми се одгледуват 950 маторици – основно стадо, односно се врши интензивно производство на 25.000 свињи-гоеници годишно.

Со инвестирање во најсовремени технолошки стандарди, врвна генетика, балансирана исхрана, стручен кадар и голема постеветеност, успеавме да станеме лидери во регионот по постигнати производствени резултати.

Заокружен процес на производство “ОД НИВА ДО ТРПЕЗА” и одличните производствени резултати допринесоа да добиеме врвен и константен квалитет на “СВЕЖОТО СВИНСКО МЕСО”.

Одговорно лице: Јадранка Панова

СТОЧНА ХРАНА

Фабриката за производство на мешана сточна храна, е претставена од најсовремена производствена линија за производство на сточна храна и силоси за складирање на житарици со складишен простор од 15.000м3.

Производство на мешана сточна храна и додатоци за сточна храна за сите категории на свињи, се извршува во најсовремена производна линија под раководство на високо квалификувани нутрициности.

Суровините кои се користат за ова прозоизводство, во најголем дел се обезбедени од сопственото земјоделско производство. Ова производство има голема улога во севкпниот заокружен процес на производство “ОД НИВА ДО ТРПЕЗА”, особено во постигнатите врвни фармски резултати.

Одговорно лице: Олгица Арсова

ЗЕМЈОДЕЛИЕ

На 1.500 ха обработлива површина со која располага компанијата се произведуваат житни, фуражни, индустриски култури и семенски материјали.

Добиените производи се користат за сопствени потреби наменети за понатамошно производство.

Со инвестирање во модерна механизација, стручно оспособување и надоградување на вработените и следење на најновите трендови во поглед на обработка на почвата, успеваме да ги максимизираме приносите во втората по големина житница во Р. Северна Македонија – Овче Поле.

Одговорно лице: Александар Стојанов