УНИ АГРО

Компанијата УНИ АГРО ДОО основана во 2012 година почнува со производство и промет на семенски материјали, житарици, мешана сточна храна, додатоци за сточна храна, храна за миленици, одгледување на свињи и свежо свинско месо.

Со голема посветеност и одговорност, преку висококфалификуван кадар успешно се контролира целокупниот процес на производство. Успехот на оваа приказна се крие зад слоганот “ОД НИВА ДО ТРПЕЗА”.

МЕСАРСТВО

Во одделот Месарство се врши расекување и дистрибуција на “СВЕЖОТО СВИНСКО МЕСО”. Расекувањето и дистрибуцијата до нашите ценети потрошувачи, се извршуваат по највисоки стандарди со модерни разладни уреди.

Заокружениот процес на производство “ОД НИВА ДО ТРПЕЗА” и одличните производствени резултати допринесоа да нашата компанија постигне врвен и константен квалитет на “СВЕЖОТО СВИНСКО МЕСО”, кое се одликува со богат вкус и низок процент на сланина и вода во него.

Одговорно лице: Дејан Стојанов

Контакт: +389(0)72276200

СТОЧАРСТВО

Во нашите свињарски фарми се одгледуват 950 маторици – основно стадо, односно се врши интензивно производство на 25.000 свињи-гоеници годишно.

Со инвестирање во најсовремени технолошки стандарди, врвна генетика, балансирана исхрана, стручен кадар и голема постеветеност, успеавме да станеме лидери во регионот по постигнати производствени резултати.

Заокружен процес на производство “ОД НИВА ДО ТРПЕЗА” и одличните производствени резултати допринесоа да добиеме врвен и константен квалитет на “СВЕЖОТО СВИНСКО МЕСО”.

Одговорно лице: Јадранка Панова

Контакт: +389(0)76276203

СТОЧНА ХРАНА

Фабриката за производство на мешана сточна храна, е претставена од најсовремена производствена линија за производство на сточна храна и силоси за складирање на житарици со складишен простор од 15.000м3.

Производство на мешана сточна храна и додатоци за сточна храна за сите категории на свињи, се извршува во најсовремена производна линија под раководство на високо квалификувани нутрициности.

Суровините кои се користат за ова прозоизводство, во најголем дел се обезбедени од сопственото земјоделско производство. Ова производство има голема улога во севкпниот заокружен процес на производство “ОД НИВА ДО ТРПЕЗА”, особено во постигнатите врвни фармски резултати.

 

Одговорно лице: Гоце Гочевски

Контакт: +389(0)76276007

ЗЕМЈОДЕЛИЕ

На 1.500 ха обработлива површина со која располага компанијата се произведуваат житни, фуражни, индустриски култури и семенски материјали.

Добиените производи се користат за сопствени потреби наменети за понатамошно производство.

Со инвестирање во модерна механизација, стручно оспособување и надоградување на вработените и следење на најновите трендови во поглед на обработка на почвата, успеваме да ги максимизираме приносите во втората по големина житница во Р. Северна Македонија – Овче Поле.

Одговорно лице: Александар Стојанов

Контакт: +389(0)70216262